
На редовната седница на Државниот совет за превенција на детско престапништво одржана на 26 октомври 2021 година, од страна на проектниот тим на Правничка Истражувачка Мрежа, беше презентиран Модел – Деловникот за работа на општински совет за детско престапништво.
Модел Деловникот е изработен во рамки на проектот на Civica Mobilitas во однос на Превенција на детско престапништво.
Модел Деловникот беше прифатен од членовите на ДС со заклучок да биде дел од материјалите што ќе им бидат достапни на веќе постојните општински совети и оние коишто ќе се формираат во иднина. Модел Деловникот ќе овозможи воедначен начин на работа и функционирање на општинските совети.
Модел деловникот може да се преземе на следниот линк.