Oсновните училишта се од круцијално значење кога се во прашање ризик факторите кои влијаат врз појава на насилство помеѓу децата.
Во објавата се обработени податоци од Посебениот извештај од спроведеното истражување за насилство меѓу учениците во основните училишта – меѓуврсничко насилство, објавен од страна на Народниот правобранител во октомври 2019 година.
Во Посебниот извештај како мотив за спроведеното истражување се укажува на тоа дека Народниот правобранител ги имал предвид сознанијата од практичното работење дека насилното однесување меѓу учениците е често присутно, но и дека проблемот со насилното однесување се игнорира, за жал често се гледа како „детска игра“, при што решението најчесто се бара во ангажирање на професионални агенции за обезбедување кои го „чуваат” училиштето, а многу помалку на превентивни активности (разговор на различни теми, поддршка и едукација за практикување на почитување на различностите, ненасилна комуникација и сл.), како и советување на родители и ученици, со цел ненасилно однесување.
Повеќе информации за насилствата во основните училишта во Скопскиот, Југозападниот, Вардарскиот и Полошкиот плански регион, клик на линкот во био што води до објавената анализа на ризик факторите за појава на детско престапништво дел од проектот „Превенција на детско престапништво“ финансиски подржан од програмата Цивика Мобилитас.