Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување (НКТ) е формирано во 2017 година со одлука на Владата. Ова тело има објавено Годишен извештај за состојбата во однос на заштита на децата од злоупотреби и занемарување согласно креираните индикатори за 2017 година, кој што е објавен во 2019 година.

Согласно податоците изразени од НКТ, евидентирани се 55 деца жртви на физичко, психичко/емоционално насилство и малтретирање/силеџиство кое се случува во училиште. 11 случаи се деца на возраст од 6 до 10 години, 21 случај во возрасната група од 11 до 14 години и вкупно 23 случаи во возрасната група од 15 до 18 години. Анализата на насилството според пол, покажува дека физичкото насилство е позачестено кај машките отколку кај женските, наспроти тоа, психичкото/емоционалното насилство е подеднакво присутно.